Skip to content

Идејата за Сервисеа Проперти

Идејата за формирање на Сервисеа Проперти настана многу природно. Во моментот кога веќе работевме дел од предметите во нашето портфолио, тогаш преку нашата сестринска фирма Сервисеа, сфативме дека комерцијалното работење со недвижности може да биде нашиот нов предизвик. Проперти претставува наредното поглавје во приказната наречена Сервисеа, која сеуште ја пишуваме. Се надеваме дека со ентузијазмот и страста која ја внесуваме во сè што правиме ќе бидеме од помош на широк круг клиенти.

Тимот на Сервисеа Проперти

Јадрото на Сервисеа Проперти го сочинуваат менаџер за продажба, правници, менаџер за ИТ+социјални платформи и хигиеничари. Според потребите на нашите клиенти имаме на располагање бројни други соработници и партнери кои се избираат и вклучуваат во проектот под координација на Сервисеа Проперти. Соработуваме со: градежни и архитектонски фирми, геодетски фирми, девелопери и изведувачи на градби, одржувачи, други агенции за недвижнини, адвокати, но и бројни државни институции.

Наша визија и стратегија

Светот на недвижностите не мора да биде Ваша главоболка! Нашите вредности се одговорност, транспарентност и сеопфатност во се што работиме.

На клиентите им нудиме можност да го поедностават процесот на градење, купување, продавање или комерцијално издавање на недвижности. Работата ја извршуваме во сите законски рамки и секогаш на најодговорен можен начин. Од моментот на ангажирање на Сервисеа Проперти клиентот може да ни ги препушти сите аспекти од реализацијата на проектот, а ние во редовни, однапред договорени интервали ќе го информираме за постигнатиот прогрес се до завршување на задачата.

Вашиот одговорен партнер во соработката

Виктор Ванкоски

Виктор е магистер на правни науки, но пред сè одговорен и добро организиран менаџер којшто со својата посветеност, но и богата професионална мрежа на контакти не се соочил со мисија која се покажала како невозможна .