
Менаџирање на имот
Сервисеа Проперти на своите клиенти им овозможува безгрижно менаџирање на имотот, со минимален ангажман од нивна страна. Нудиме услуги од комерцијален и некомерцијален карактер.
На клиентите заинтересирани за комерцијална експлоатација на нивниот имот им нудиме комплетен пакет услуги вклучувајќи припрема, огласување на имотот, усовршување на постоечки огласи, грижа за клиенти (пречек, пријавување, наплата, помош од било каков карактер), одржување, хигиенски услуги, систематска контрола на состојбата на недвижнината и друго.
На клиентите на кои им е потребно одржување на нивниот имот, кој не е наменет за комерцијално издавање, им овозможуваме систематска грижа во однапред предвидени интервали, со цел одржување во добра хигиено-техничка состојба.

Купување и продавање недвижнини
Застапуваме купувачи и продавачи на недвижности во секој од чекорите потребни за реализација на купопродажбата. На Вас е да одберете кој дел од работата ќе ни го препуштите.
Купувачите можат да не вклучат во процесот на селекција на недвижноста, при проверка на проекти во изградба, правна заштита во купопродажниот процес, измени и дополнувања на елементи од избраниот проект и слично.
Продавачите на недвижности можат да ни ја препуштат грижата за пронаоѓање купувач, изработка на маркетиншка стратегија за продажба, правни аспекти од купопродажниот процес и сл.

Развој на недвижен имот
Сервисеа Проперти помага на своите клиенти во пронаоѓање уникатни решенија, при кои вредноста на нивниот имот може да се зголеми.
За секој недвижен имот развиваме конкретен план, го запознаваме клиентот со можностите кои ги има и врз основа на неговата одлука пристапуваме кон реализација на проектот. За секоја фаза од проектот клиентот е информиран во однапред дефинирани интервали.
Понудените решенија можат да бидат едноставни, како на пример подобрување на аудио-визуелната презентација на апартман кој се користи за издавање, но и комплексни, како на пример оформување на градежни парцели со откуп на државно земјиште, промена на Детален Урбанистички План со цел реквалификација на имотот и сл.

Недвижности во Македонија како инвестиција
Сервисеа Проперти нуди македонски недвижности на оние кои ќе се одлучат дел од своите финансиски капацитети да ги пренаменат во недвижнost токму во Македонија.
Достапноста на професионален локален партнер со извонредно познавање на пазарот, дава сигурност на инвеститорите дека инвестицијата е сигурна и ќе го донесе очекуваниот повраток на инвестиција во зацртаниот временски хоризонт.
Ги елиминираме сите административни, правни, но и практични препреки во име на инвеститорот. Конкретните аспекти на овој тип на услуга се дефинираат со секој клиент поединечно, по претходна бесплатна консултација.
