Skip to content

Matisse Suite Ohrid

Комерцијално издавање на имот и негов менаџмент

Се работи за партнерство со сопственик на стан со живеалиште во странство, при кое Сервисеа Проперти ги презеде сите чекори потребни апартманот да се издава комерцијално за краткотраен престој.

Сервисеа Проперти за таа цел, застапувајќи го нашиот клиент изврши или сеуште врши:

  • Нарачка на мебел и покуќнина според желбите на клиентот
  • Прием на нарачаниот мебел и покуќнина и просторно аранжирање
  • Координација на подизведувачи за докомплетирање на изгледот на станот (занаетчии, електричари, столар итн.)
  • Прибирање документација и поднесување барање за комерцијално издавање на просторот кон соодветните органи
  • Естетско уредување на станот и фотосесија со професионален фотограф
  • Огласување на апартманот на AirBnB и менаџирање на корисничката сметка
  • Комуникација со клиентите на апартманот и корисничка поддршка
  • Пријавување на престојот на гости во надлежните институции согласно законските норми
  • Координација на поправки и сервис, дополнување материјали во апартманот, чистење и други потребни услуги
  • Плаќање на сите тековни фактури и сметки за имотот
  • Месечни репорти со отчет на работењето кон сопственикот на имотот
  • Советување во однос на законските норми во Македонија и нивните директни импликации за клиентот

Со оглед на фактот што многу слични имоти не се користат комерцијално токму заради отсуството на сопственикот Сервисеа Проперти нуди на располагање соработка преку која имотот на нашите клиенти им нуди заработка наместо да претставува трошок.

Погледнете го резултатот

Апартманот под целосен менаџмент на Сервисеа Проперти се етаблира како една од најдобрите опции за подолг туристички престој во Охрид.

Апартманот е достапен и преку директен контакт со Сервисеа Проперти, контактирајте нè за детали.

Прегледај