Skip to content

Стан Кошишта - Охрид

Избор, купување, опремување и примопредавање на стан

Лице со живеалиште во странство ја контактираше Сервисеа Проперти за помош при избор и купување на стан во строго дефиниран регион од Охрид. Сервисеа Проперти успешно ги изработи сите чекори водејќи кон реализација на проектот:

  • Анализа на пазарот на недвижности за пронаоѓање недвижност според потребите на клиентот
  • Проверка на катастарската документација за проектот во изградба со цел заштита на клиентот
  • Договарање на условите за купување на станот (начин на плаќање, временски рокови и слично)
  • Состав на Преддоговор за купување според договорените услови купувач-продавач
  • Плаќање на износот на финансиските средства во име на купувачот според претходно договорена програма со продавачот
  • Следење на процесот на изградба на објектот и фазите во кои се наоѓа станот, со постојано документирање и информирање на клиентот
  • Во фаза на градба, модифицирање на електрична инсталација во координација со подизведувачи
  • Набавка на потребни материјали за опремување на станот (плочки, таркет, санитарија, клими и слично) и ангажирање подизведувачи за нивна инсталација
  • Постојан надзор на работата на подизведувачите
  • Состав на главен договор пред примопредавање на станот во соработка со Сервисеа
  • Завршување на процесниот дел од купопродажбата (Даночно одделение, Агенција за катастар на недвижности, нотар)
  • Официјално примопредавање на станот на клиентот

За време на целиот процес идниот сопственик на станот во ниеден момент не беше приморан да допатува во Македонија од моментот кога работата беше предадена на Сервисеа Проперти.

Имате слична замисла?

Сервисеа Проперти ќе Ви помогне во реализацијата на Вашиот план без оглед на тоа дали се работи за стан, куќа или друга недвижност.

Контактирајте нè