Skip to content

Grey Corner Apartment

Од проект во изградба до апартман со 4 ѕвезди

Проектот опфаќаше услуги поврзани со купување на стан и негово издавање после завршената купопродажна постапка. Сервисеа Проперти со взаемен договор со клиентот извршува бројни потребни за постојано туристичко издавање на станот, кои согласно договорот ги фактурира на месечно ниво.

Сервисеа Проперти во овој проект ги изврши или сеуште врши следните услуги:

  • Преговори со изведувачот објектот, комплетирање на купопродажниот процес и правна заштита при комплетирање на постапката. Застапување пред трети страни: изведувачи, финансиски институции, нотари, катастар и други. (Изведено во соработка со Сервисеа доо.)
  • Нарачка и прием на материјали според желбите на сопственикот на станот, ангажман на подизведувачи за нивна инсталација
  • Прибирање документација и поднесување барање за комерцијално издавање на просторот до соодветните органи
  • Огласување на апартманот на AirBnB и Booking.com вклучително и комплетно менаџирање на корисничката сметка
  • Комуникација со клиентите на апартманот и корисничка поддршка
  • Пријавување на престојот на гости во надлежните институции согласно законските норми
  • Координација на поправки и сервис, дополнување материјали во апартманот, чистење и други потребни услуги
  • Плаќање на сите тековни фактури и сметки за имотот
  • Месечни репорти со отчет на работењето кон сопственикот на имотот

Сервисеа Проперти со својот ангажман на овој сопственик му овозможува дополнителен приход, којшто не би бил возможен без постоење на сеопфатната комплексна соработка која ја нудиме.

Погледнете го резултатот

Апартманот е еден од најинтересните понудени апартмани во охридскиот регион, како со својот стил, така и со досегашните оценки од гостите коишто во него престојуваа. Исто така, е еден од ретките апартмани во Охрид кој доби категоризација 4 ѕвезди од Booking.com.

Апартманот е достапен и преку директен контакт со Сервисеа Проперти, контактирајте нè за детали.

Прегледај