Skip to content

Техничка санација и одржување на куќа

Интегриран пристап во управување имот вклучително поправки, проверки и обновување на внатрешни и надворешни делови на објектот

Во рамки на овој проект, Сервисеа Проперти изврши координирана организација и реализација на повеќе активности со цел имотот да биде функционален, безбеден и долгорочно одржлив.

Проектот опфати технички проверки, поправки, санација на внатрешни и надворешни делови од објектот, како и интервенции за подобрување на секојдневната употребливост на куќата.

Сервисеа Проперти за оваа цел организираше и спроведе:

  • Комплетно главно чистење, како и дополнителни периодични чистења во текот на годината во координација со клиентите
  • Рутински проверки и основно одржување на апарати, санитарии, бојлер, систем за греење на соларни панели и водоводна инсталација
  • Поправка на влезната врата со замена на бравата и системот за заклучување
  • Поправки на прозорци и замена на оштетени елементи
  • Проверка и санација на водоводниот систем, вклучително и замена на повеќе вентили , туш батерии, црева и сифони
  • Техничка интервенција и повторно ставање во функција на системот за соларно греење со адаптација за зимски услови
  • Санација на оштетен ѕид на помошен објект поради влага и реконструкција со соодветна заштита
  • Поправка и освежување на внатрешни ѕидови (молерисување) како и ѕидови на тераси
  • Вградување надворешна безбедносна камера со сензор за движење
  • Целосно стружење и лакирање на паркетот, со замена на лајсни и освежување на скалите

Со ваков пристап, имотот беше значително подобрен и подготвен за понатамошно користење со повисоко ниво на сигурност, функционалност и уреденост.

Имате слична замисла?

Сервисеа Проперти обезбедува целосна поддршка во организацијата и реализацијата на санација, поправки и редовно одржување на имотот. Без оглед на видот на недвижноста, нашата цел е да обезбедиме повисоко ниво на сигурност, функционалност и уреденост за понатамошно безгрижно користење.

Контактирајте нè